Орав апелира политичарите да учествуваат во ТВ дебати
Евроамбасадорот Аиво Орав очекува до изборите да се најде решение и за отвореното прашање за медиумите.
Смета дека четирите политички партии треба да преговараат за медиумите согласно договорот од Пржино. Орав потенцира дека најважно е балансираното медиумско известување, но се осврна и на важноста од формирањето на Советот за етика, како саморегулаторно тело и на независноста на новинарите.
„Во Македонија се формираше Советот на етика во медиумите. Ако самите новинари пријават дека овој новинар не дејствуваше професионално, овој новинар можеби треба да ја подобри својата работа мислам дека ќе биде најдобриот начин да се поправат независноста и професионалноста на новинарите“ - вели Орав.
Тој апелираше политичарите да земаат учество во дебати на локални и национални телевизии.
„Би било добро ако би имало политичка дебата на највисоко ниво. Пред изборите добро би било политичките лидери да дојдат на телевизија и да одговараат на тешки прашања од независни новинари, а не еден политички лидер да оди на интервју кај новинарот кој добро го познава и да одговара на однапред договорени прашања“- кажа Орав.
Тој наведе дека во последното истражување на листата на медумска слобода во светот, Македонија е рангирана на 116 место.
Слично
