Општинскиот долг тајна!
Градоначалниците во земјава го кријат долгот на општините со кои раководат. Од вкупно 84 општини, само десет на својата интернет страна објавиле колку изнесува општинскиот долг. Ова го покажа истражувањето на Центарот за економски анализи. Оттаму, сметаат дека транспарентноста на локалната власт е далеку од задоволителна, а тоае и постајана критика што ја упатуваат до Македонија меѓународните финансиски институции како ММФ, Светска банка, а истата критика ја има и во извештаите за напредок што ги подготвува Европската Унија.
„Зошто е важна фискалната транспарентност на државата? Ако не ги знаете фискалните податоци, од кај ќе знаете дека не очекува фискален ризик. Што ќе се случи со Македонија утре? Ако немате транспарентни податоци , може да мислите дека сме најниско задолжена земја во светот, дека се е супер, дека сме светски прваци во кошарка – ако не добиеме информации дека сме изгубиле во првата игра,“, смета Борче Треновски, ЦЕА
Од истражувањето на Центарот за економски анализи, кое траело една година, утврдено е дека, само општините Гостивар, Струмица, Битола, Илинден, Берово, Чашка, Вевчани, Долнени, Кровогаштани, и Крушево, ја објавиле состојбата на нивниот долг на интернет страната, додека пет од нив, Штип, Вевчани, Долнени, Кривогаштани и Крушево, тоа не го правеле редовнот, туку во рамките на еден или два квартални извептаи за извршувањето на буетот во текот на 12-те месеци на мониторинг.
Во истиот период само 20 општини објавиле квратлани извештаи на интернет страните, иако 8 од нив тоа не го правеле редовно и навремено.
„Со ова се ускратува можноста на граѓаните да го контролираат редовното извршување на биуџетот, а локалната власти општинскката администрација остануваат единствените директни учесници во буџетскиот процес на општината, се наведува во извештајот на ЦЕА.
Завршната сметка за 2014 година, ја немаат објавено повеќе од половината од општините во земјава иако некои од нив објавиле завршна сметка за претходните години.
„Меѓу поголемите општините кои немаат објавено завршна сметка се Куманово, Чаир и Кичево. Додека од тие општини коои ја објавиле завршната смета за 2014 година, 6 општини го направиле тоа објавувајќи го само општиот дел, без детален приказ на приходните и расходните ставки. Од поголемите општини, Тетово и Крива Паланка објавуваат само општ дел од завршната сметка, се наведува во извештајот на ЦЕА.
На граѓаните најдостапни буџетски документи им се буџетите на општините, односно 60 општини на својата интерент страна ги објавиле буџетите, но од нив 9 општини не го објавиле буџетот за 2015 година туку за некоја претходна година.
„Меѓу поголемите општини кои го немаат објавено буџетот за 2015 година, се Куманово, Чаир и Шуто Оризари“, пишуваат од ЦЕА.
Понатаму, утврдено е дека ретки се општините кои на интернет старната објавуваат предлог буџет, а со тоа се вели во извештајот, им се ускратува можноста на граѓаните да учествуваат во планирањето на буџетот на нивната општина. Дополнително, ниту една општина не објавува граѓански буџет.
„Тоа пак укажува дека со сегашната законска регулатива, ниту една локална власт, не се обидува да направипоголем поттик за учество во креирањето на буџетот на општините и следењето на неговата реализација,стои во извештајот на ЦЕА.
Од Центарот за економски анализи сметаат дека е неопходна промена на законската регулатива , со цел општините да се обрзат целосно да го објавуваат предлог буџетот, биетот и побвремените извшетаи за буџетот, навремено и целосно, а не само во службен гласник на општината.
Потоа потенцираат и дека е потребно да се воведе објавување на буџетски календар на општините на јавно место и негово навремено и редовно спроведување со вметнување на јавни расправи за предлог буџџетот и за годишниот извешат, објавување а извештаите за реализација на буџетот месечно ,квартално и на полугодишно ниво.
Дополнително потребно е целосно објавување на буџетските документи сподатоци кои овозможуваат споредба со минати, како и планирани и проектирани буџети за следен период, со што ќе се овозможи поголем јавен надзор и контрола од страна на граѓаните и другите засегнати страни во услови кога нема редовна ревизија на сите општини.
С.Н.
Слично
