Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општините и во вечерните часови ќе примаат барања за легализација

Општините и во вечерните часови ќе примаат барања за легализација

Рокот за легализација на дивоградби завршува денеска и сите општини ќе работат со продолжено работно време до вечерните часови, за да им излезат во пресрет на граѓаните.

Во повеќето општини во земјава барања се примаа последниве денови до 20 часот, а вечерва до полноќ. Граѓаните можат да достават барање за објекти, за водоводни, инфраструктурни линии и слично.

„Денеска е последниот ден и апелирам сите граѓани да дојдат и да си поднесат барање. Веќе имаме над 50.000 доставени нови барања. Очекувам дека таа бројка денеска ќе биде малку зголемена со тоа што утре ќе ја имаме конкретната бројка колку нови предмети ќе имаме за работење во наредниот период“- вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Тој објасни дека на барање на граѓаните направени се измени на Законот за катастар, со кои ќе им се овозможи на оние граѓани кои имаат комплетна градежно-техничка документација за објектите, а не успеале да ги запишат во Катастарот до 2012 година, бесплатно да им бидат изработени елаборати и да добијат имотен лист.

Слично

Поврзани вести