Општините го кријат својот долг
Транспарентноста на локалната власт е далеку од задоволителна, покажуваат податоците од истражувањето за Центарот за економски анализи.
Општините во Македонија ректо го објавуваат предлог буџетот на веб страниците, а уште помалку го презентираат трошењето на јавните пари или долговите.
Минатата година на пример, од 84 општини само десет објавиле на својата интернет страница колкав им е долгот.
Ретки се и општините што го објавуваат предлог - буџетот на општината за следната година. Според истражувањето, предлог буџетот бил достапен на веб страната само кај девет општини, кај 33 е добиен на барање, а кај останатите 33 општини не бил добиен.
Исто така постојат и општини кои немаат ни функционални официјални веб страници.
Инаку, овој проект го спроведоа Центарот за економски анализи и Форум Центарот за стратешки истражувања и документација во соработка со десет локални организации.
