Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПШТИНАТА ЧАСТИ: 500 евра за ергените од Свети Николе, ако решат да се оженат!

ОПШТИНАТА ЧАСТИ: 500 евра за ергените од Свети Николе, ако решат да се оженат!
Советот на општина Свети Николе донесе одлука - на неоженетите мажи над 40 години кои ќе одлучат да стапат во брак да им додели по 30.000 денари или околу 500 евра. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев вели дека одлуката треба да стапи во сила од 1 февруари. „Во селата низ Светиниколско имаме околу 600 ергени, од кои во неколку села има по 15 или 20“, вели Тасев. Тој додава дека на овој начин ќе ги мотивираат мажите над 40 години кои се уште немаат склучено брак да си најдат невеста, а се очекува и да се зголеми наталитетот во општината. Сепак, оваа одлука не се однесува на жените. Дури и оние што не се мажени над 40 години, немаат право да добијат финансиска награда за да се решат да направат свадба!
Слично

Поврзани вести