Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните
Повеќе заинтересирани граѓани  денеска ја посетија Општина Прилеп на Отворениот ден наменет за нив. Вработените во јавни институции, претставници на невладиниот сектор, АРМ и сите заинтересирани граѓани биле дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“. Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на  Градоначалникот, граѓаните ја имале  и можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општина. До општинските функционери биле упатени и низа  прашања за процедурите на носење одлуки од сите области. На присутните им бил презентиран и филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.
Слично

Поврзани вести