Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Карпош отпушти 23 вработени

Општина Карпош отпушти 23 вработени
Вкупно 23 вработени во општина Карпош, ангажирани преку Агенција за привремени вработувања, останаа без работа. Градоначалникот Стевчо Јакимовски одлучил да не им ги продолжи договорите затоа што несовесно си ја вршеле својата работа. „ Станува збор за лица кои го злоупотребуваа работното време, не доаѓаа навреме или си одеа порано, а еден и земал картичка од друг и ја отчукувал на автоматот. Ние нема да толерираме таква неодговорност“, вели Јакимовски за Телма. Освен нив, уште 15 лица биле казнети со 20% од плата, а казни ќе има и за нивните раководители. Јакимовски демантира дека причина за непродолжувањето на договорите е што отпуштените не биле членови на ГРОМ или не сакале да потпишат пристапници. Тврди дека сите отпуштени претходно биле предупредувани и најави дека ќе продолжи со казнување за несовесно работење.
Слично

Поврзани вести