Општина Карпош, единствен модел на Балканот за субвенционирање на енергетско-ефикасни градби!
„Таму каде што идеите се сретнуваат“ е работниот наслов на Меѓународниот саем на Општини на Југоисточна Европа, со кој почна вториот работен ден на оваа најзначајна манифестација на локалните самоуправи во регионот, која се одржува во центарот „Замет“ во Ријека, Република Хрватска. На 174 штанда, општините-изложувачи и посетители на саемот NEXPO 2013, претставени од своите градоначалници, локалните администрации, агенции за развој, невладини асоцијации, банкари, продавачи, имаа единствена можност да ги разменат своите идеи за забрзување на економскиот развој на локално ниво, како своја контрибуција кон процесот на приближување во Европската Унија, но и кон надминување на кризата и проблемите што ги мачат локалните власти.
Свеченото отворање на саемскиот дел на NEXPO 2013, го означија домаќинот на оваа, втора по ред (првата беше во Сараево), манифестација, градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел, а свое обраќање имаше и министерот за управа и локална самоуправа во Владата на Хрватска, Арсен Баук. Двајцата високи хрватски функционери го посетија и импозантниот штанд на Општина Карпош и му посветија посебно внимание. За можностите што ги нуди Општината на развоен, енергетски и туристички план разменија мислења со претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, и со советниците од Советот на нашата општина од сите советнички групи.
Енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија се централната тема на работилниците кои се одржуваат на овој саем, со нагласка на енергетската транзиција на општините и градовите и како тоа да се поддржи во ЈИЕ преку отворените регионални фондови за енергетска ефикасност. Сите индивидуални напори на локалните власти кои се прават на овој план, меѓу кои значајно место зазема и Општина Карпош со својата програма за енергетска ефикасност и Стратегијата за енергетска ефикасност 2013-205, треба на подолг рок да се вклопат во Европската стратегија за енергија и климатски промени-2015.
Претставникот на општина Карпош, дипл.инж. Љупчо Димов, раководител на Одделението за енергетска ефикасност, на првата работилница ги презентираше значајните проекти и достигнувања во сферата на енергетска ефикасност во општината, а на втората беше презентиран како единствен модел во Македонија и пошироко на Балканот, за субвенционирање на инвеститорите кои градат енергетско ефикасни градби на територијата на нашата локална самоуправа.
Локалните власти, како што беше истакнато на свечената церемонија на NEXPO 2013, треба да бидат актери, а не само учесници на европската сцена, максимално да ги користат фондовите за прекугранична соработка во согласност со мадридската конвенција, за да ги подобрат локалните економии. Ова е и конкретен придонес кон просперитетот на општините и циклусот на депопулација, кои ги зафаќа конкретно помалите општини во регионот на ЈИЕ.

Слично