Општина Чаир ќе се гасифицира
Министерот за економија Ваљон Сараќини и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Општина Чаир.
-Со овој Меморандум за соработка, Министерството за економија и општината Чаир ја изразуваат подготвеноста да отпочнат со активности за изработка на проектна документација за имплементација на Проект за гасификација на општина Чаир, истакна министерот Сараќини додавајќи дека соработката ќе опфаќа изработка на Физибилити студија за гасификација на општина Чаир и Проценка на влијанието на животната средина од гасификацијата на општина Чаир, активности кои ќе ги преземе општината, и Извештај за претходна анализа за основните елементи на Проектот- активност, која ќе ја преземе Министерството за економија.
Министерството за економија ќе достави предлог до Владата за отпочнување на постапка за доделување на концесија за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас во општината Чаир.
-Општината Чаир, како општина која има само 3,52 км2 површина, се соочува со дефицит на градежно земјиште за развивање на индустриски зони. Општината има потреба од инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, изјави Меџити.
Во 2010 година беше изработена физибилити студија со идеен проект, согласно која планираната потрошувачка на гас во Република Македонија до 2040 година е од околу 2.8 милијарди Nm3 (нормални метри кубни), од кои 2,3 милијарди Nm3 е долгорочно очекуваната потрошувачка на самата.
Слично
