Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Аеродром на тендер им купува униформи на сите ученици!

Општина Аеродром на тендер им купува униформи на сите ученици!
Аеродром ќе им обезбеди училишна облека на учениците во осумте основни училишта во оваа скопска општина. Тендерот за набавка на униформите, кои од септември ќе бидат задолжителни, е објавен. Ќе бидат набавени вкупно 5.700 комплети облека за кои општината ќе потроши околу 7 милиони денари. Униформата ќе се состои од сиви панталони, бели памучни блузи и тегет елеци со амблем на кој ќе биде извезено логото на Општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе избираат здолниште или панталони, а ќе имаат можност да ги имаат и двете, со доплата за второто. „Целта е децата да бидат еднакви меѓу себе, да не се разликуваат по начинот на облекување. Има деца чии родители може да им овозможат поскапа гардероба, но и некои кои немаат како нивните врсници. Кај нив се раѓаат лоши чувства и сакаме тоа да го спречиме. Барем додека одат на училиште да бидат еднакви, а да се разликуваат по тоа кој колку учи и колкаво знаење има. Очекувам дека родителите и учениците ќе бидат задоволни. Планот ни е секоја година потоа општината да обезбедува училишна облека за сите деца“, рече градоначалникот Ивица Коневски. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја посети општината и ги виде примероците на униформите. Очекува дека примерот ќе го следат и другите општини и ќе воведат кодекс на облекување, кој Министерството не може да им го наметне. Смета дека на тој начин ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.
Слично

Поврзани вести