Опозицискиот совет на Албанците организира протестен марш
Опозицискиот совет на Албанците преку протестен марш денеска ќе го изрази своето незадоволство од нивниот третман во државата.
Бараат правда, достоинство и демократија. Тие ќе ја дадат својата поддршка на Специјалното јавно обвинителство, но и на меѓународната заедница за нивните напори за излез од политичката криза. Ќе тргнат од паркот во Чаир, а крајната дестинација ќе биде пред Владата, каде ќе се прочита и декларацијата на протестот и ќе се обратат претставници од опозицискиот совет.
По повод минатогодишните настани во кумановското Диво насеље, Советот на семејствата од оваа населба, за утре организираат меморијален марш.
Слично
