Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицискиот лидер Заев на суд за случајот „Поткуп“

Опозицискиот лидер Заев на суд за случајот „Поткуп“

На обвинителна клупа денеска ќе седне опозицискиот лидер Зоран Заев кој во  случајот „Поткуп“ се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.

Судскиот процес во јануари започна неуспешно, а денеска ќе биде втор почеток на случајот.

Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.

Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.

За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев, а според адвокатот Филип Медарски, поткупот не е примен.

„За да стане збор за обвинение за поткуп, треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие што е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, изјави адвокатот Филип Медарски.

Целиот овој случај го води  јавниот обвинител Владимир Милошевски и според него имало доволно докази Судот да го осуди Заев.

Слично

Поврзани вести