Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицискиот лидер на средби со израелскиот државен врв

Опозицискиот лидер на средби со израелскиот државен врв

Лидерот на СДСМ, од вчера е во официјална посета на Израел каде што остварува средби на највисоко државно – владино ниво, а ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата.

Денес Заев се сретна со Израел, Реувен Ривлин, во претседателската резиденција во Тел Авив.

Оттаму опозиционерот изјави дека му претставува чест бидејќи ова е прв пат шефот на државата да се среќава со еден опозициски лидер.

Ривлин на Заев му порачал  дека обврска на македонските полтичари е да се грижат за безбедноста на граѓаните притоа изразувајќи му голема поддршка во справувањето со кризата.

Заев освен со претседателот на Израел ќе се сретне и со високи владини претставници, со  вицепремиерот на Израел, Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел , се предвидува да ги посети и светите места во Ерусалим, а е ќе даде и интервју за познат израелски медиум.

Дел од медиумите брифираат дека посетата на опозицискиот лидер во Израел е поврзана со случајот „прислушување“, но во изјава за Телма Заев рекол дека неговата посета на оваа земја е демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките бомби што ги објави СДСМ и дека се разговарало на теми поврзани со билатералните односи, економската соработка и бегалската криза.

Слично

Поврзани вести