Опозициски совет: Коалицијата ВМРО-ДУИ е антиалбанска
Од албанскиот Опозициски совет вечерва на протестот пред Владата кажаа дека се против анти-албански режим ВМРО-ДУИ, и бараат правда, достоинство и демократија.
На 9 Мај- Денот на Европа, но и на годишнината од настаните во кумановското Диво насеље Опозицискиот совет повика на албански протест под мото: 'Ден Д. Се приклучија не само партии, туку и претставници на организации, интелектуалци.
„Оваа листа на поддржувачи е доста долга, десетици имиња кои заслужуваат благодарност. На овој начин тие, освен што помогнаа, исто така покажаа дека се против овој анти-албански режим ВМРО-ДУИ и дека се за европските вредности, за европска интеграција, но и за правда, достоинство и демократија. Ви благодариме на сите!"- кажаа од Опозицискиот совет.
Дуото ВМРО-ДУИ веќе скршнале од европскиот пат, а Албанците не гледаат друг пат освен патот кој води кон Европа, кажаа на протестот. Велат дека протестираат против државниот терор.
Од Опозицискиот совет побараа да бидат вклучени во преговорите за излез од политичката криза.
