Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата во Кипар размислува за референдум и излегување од еврозоната

Опозицијата во Кипар размислува за референдум и излегување од еврозоната
Не е исклучено левичарската кипарска партија АКЕЛ да побара референдум за спогодбата, одобрена синоќа од Еврогрупата, за доделување спасувачка финансиска помош за островот, соопшти агенцијата АНА-МПА.

Еврогрупата синоќа на Кипар му одобри спасувачки пакет „тежок“ околу 10 милијарди евра.

Се очекува прашањето за оваа спогодба да се постави на утрешната вонредна седница на Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на АКЕЛ, Андрос Киприану, изјави дека на седницата ќе се разгледаат различни варијанти, а меѓу нив и таа за евентуално излегување на Кипар од еврозоната.

Киприану изјави дека неговата партија е незадоволна од „одмазничкиот и според него неоколонијален начин“, на кој Тројката меѓународни кредитори се поставија кон Кипар.

Тој го критикуваше претседателот Никос Анастасиадис и владата за тоа дека го избрале патот за финансиска помош во овој критичен момент за народот и земјата.

АКЕЛ повикува да не се запаѓа во паника и да се покаже ладнокрвност и разум.

Слично

Поврзани вести