Опозицијата во Албанија пак излезе на протест
Членовите на албанската опозиција, предводена од Демократската партија на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, денеска повторно излегоа на масовен протест против партијата на власт.
Нивно главно барање е заминување на Владата на Еди Рама, која според нив го осиромаши народот и граѓаните ги доведе до питачки стап.
Премиерот Еди Рама изјави дека со протести не може да се урне власта, а бидејќи протестот бил настан од висок ризик, полицијата беше подготвена со посебен план за безбедносни мерки.
Од Американската амбасада во Тирана пак, побараа од своите државјани да го избегнат протестот и локацијата каде што се одржува.
Слично
