Опозицијата тврди дека власта ги амнестирала хашките случаи
СДСМ денеска објави нови снимки од наводни разговори на членовите на актуелната власт.
Наводно се слуша премиерот Груевски и неколку министри и застапници, како разговараат за амнестијата на четворица обвинети за воени слосторства, кои Хашкиот трибунал во средината на 2011 ги препушти на македонското правосудство.
Наводните разговори, тврди опозицијата, се случувале пред изгласувањето на новата Влада во Парламентот.
Снимките, велат, се потврда на усмениот договор на владеачката ВМРО-ДПМНЕ исо коалицискиот партнер, најсилната албанска партија ДУИ, за амнестија на хашките обвинети злосторници.
„Лично премиерот на Македонија, Никола Груевски, тргувал со лидерот на ДУИ Али Ахмети на затварање на хашките слушаи со аместија. Груевски лично наредил, како би се заштитил, целата постапка да се префрли во Собрание. Се слуша како Груевски ја организира оваа правно неизводлива процедура на амнестија, на која укажуваат и соработниците, и ја префрла на застапниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На направените дела не може да се примени Законот за амнестија“, истакна на прес конференцијата Заев.
Целите аудио снимки може да ги слушнете во видеото подолу!
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/F9dyPs00-t8[/embed]
Слично
