Опозицијата со шокантни податоци за смртта на Никола Младенов
Лидерот на опозицијата Зоран Заев објави шокантни телефонски разговори како што тврди на министерката внатрешни работи Гордана Јанкуловска за смртта на новинарот и главен уредник на неделникот Фокус Никола Младенов.
Младенов загина пред две години, на 26 март 2013 година, под сомнителни околности. Тој беше меѓу најпознатите критичари на режимот на Никола Груевски.
Од снимките станува јасно дека Младенов бил најден по сигналот на мобилниот телефон, а самиот мобилен апарат потоа не е пронајден.
Се слуша и како портпаролот на Јанкуловска, Котевски признава дека истрагата се води од непрофесионалец. По повод критиките и сомнежите за официјалната информација за смртта на Никола Младенов Јанкуловска буквално го вели следново: "И каде ќе пишуваат - Фејсбук, ха ха ха ... Ај, додека со овој Младенов. Има сто пати повеќе важни работи од Младенов ".
Јанкуловска и портпаролот на МВР Иво Котевски раскажуваат за sms-и кои се испраќаат на новинари како: "Видовте што се случи со Николчо! Кој е следниот? ".
Во друга порака до премиерот Никола Груевски Јанкуловска пишува: "Има една непријатна информација. Има боја на автомобилот на Младенов".
Зоран Заев побара да се започне нова истрага за смртта на "големиот македонски новинар Никола Младенов". "Сакам да ве известам дека имаме над 10 000 прислушивања на новинари", истакна Заев.
Вечерва се очекуваат нови протести во Скопје - трети по ред. Пред два дена дојде до судири, во кои беа повредени десетици граѓани. Спонтани протести настанаа откако лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев откри дека Груевски и Јанкуловска се обиделе да го сокријат убиството на 21-годишниот Мартин Нешковски кој беше убиен од полицаец .
Нешковски беше убиен за време на прославата на владејачката партија на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје во јуни 2011 година.
Заев соопшти дека нема информации кога ќе продолжат преговорите со посредство на Европската унија во Брисел за излез од тешката политичка криза. Тој повика на мирни протести и луѓето да не подлегнуваат на провокации.
Целата прес конференција на СДСМ во видеото долу.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YYBXJpw2V0E[/embed]
Слично
