Опозицијата со предлог за импичмент на Иванов
Опозицијата предводена од СДСМ поднесува предлог за импичмент за претседателот Ѓорѓе Иванов во Собранието, пренесува 24 вести.
Според информациите досега предлогот го потишале 37 пратеници, меѓу кои и Павле Трајананов и трите независни пратенички во Собранието. Се преговара и со пратениците на ДУИ и на ДПА за поддршка.
Барањето одговорност од претседателот на државата уследи откако Иванов вчера ги аболицираше сите функционери на власта, против кои СЈО имаше постапки, како и политичарите од опозицијата во случаите „Пуч“ и „Поткуп“.
Опозицијата со барањето за импичмент бара итна седница, а за да помине потребно е двотретинско мнизнство.
Слично
