Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата поднесе кривична пријава против Премиерот

Опозицијата поднесе кривична пријава против Премиерот

Денеска до Основното јавно обвинителство СДСМ поднесе Кривична пријава против Никола Груевски, за сторено кривично дело оддавање службена тајна, информираат од опозициската партија.

„Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки. Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив“, истакна Оливер Спасовски, генерален секретар.

На прашањето дали очекуваат од Обвинителството да постапува како што треба со оглед на тоа какви информации беа изнесени на нивните прес конференции Спасовски истакна дека во Македонија правниот систем е сериозно нарушен, се покажало и од материјалите коишто ги објавувават дека не може да има верба во институциите на системот бидејќи се под директна партиска контрола.

„Ние се уште сметаме дека треба да се одважат јавните обвинители во Р.Македонија и дел од судиите за да застанат на страната на правдата на страната на граѓаните. Тоа е една од последните шанси за ова наше општество во Македонија, иако реков дека до крај е партизирано и поклопено од власта на Никола Груевски“, истакна  Спасовски.

Слично

Поврзани вести