Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес

СДСМ денеска до Јавното обвинителство поднесе 21 кривична пријава против како што тврдат повеќе од 17 сторители на кривични дела против изборниот процес.

Кривичните пријави опфаќаат:  злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, присилба, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата за определување за време на изборите, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања.

Не веруваме во објективноста, професионалноста и независноста на правосудниот систем во Република Македонија а откако излегоа сите овие докази и снимки на површина и јавноста веќе нема доверба, меѓутоа поднесувањето на кривичните пријави го правиме со цел да покажеме дека ние ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија, изјави Радмила Шеќеринска.

Слично

Поврзани вести