Опозицијата не се согласува на преговори
Лидерот на опозицијата Зоран Заев го услови своето заминување во Виена, каде денес, на повик, на Европската комисија и тројцата европратеници, лидерите на четирите македонски партии на власта и опозицијата требаше да разговараат за излезот на Македонија од длабоката политичка криза, при што средбата е одложена .
Заев бара претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција на политичари против кои се водат постапки во врска со аферата прислушување и криминални работи поврзани за изборите, а вториот услов е да се повика Собранието и да се повлече одлуката по која се распишани изборите за 5 јуни.
-Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ во координирана акција го погребаа договорот од Пржино. Ги урнаа сите принципи на кои почиваше: организирање на фер и демократски избори, одговорност за направениот криминал и преодна влада. Затоа СДСМ не може да се врати на преговаралка маса како ништо да не се случило-изјави Заев.
Во меѓувреме, масовните протест кои веќе втора недела ја тресат Македонија, сега го добија името „шарена револуција“, поради бојата со која демонстрантите ги гаѓаа зградите на државните институции и објекти изградени во рамки на „Скопје 2014“.
