Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата најави учество на утрешниот протест за одбрана на Уставот

Опозицијата најави учество на утрешниот протест за одбрана на Уставот

Група граѓански организации за утре најавија масовен протест пред  Уставниот суд.

Денеска од СДСМ пак соопштија дека партијата на Заев ќе му даде поддршка на протестот.

Заев на прес конференција го најави учеството на неговата партија на протестот укажувајќи на срамните одлуки на  партиските инсталации во Уставниот суд кои според него се обид да се амнестира изборен криминал и изборна измама

„Хаост во избирачкиот список го потврди она што го покажа и Вистината за Македонија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните туку го краделе и нивното основно право на слободен глас, на слободен избор.

Намерата да се амнестира овој огромен изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз коишто почива државноста на Република Македонија“, рече Заев.

Заев ги повика сите граѓани професори, лекари, работници, студенти, земјоделци, заедно со СДСМ да се приклучат на протестот кој според најавите на организаторите треба да започне во 18 часот а ќе кулминира во среда кога ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

Слично

Поврзани вести