Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обновено: Опозицијата почна да дежура во Собранието, нема да дозволи носење на буџетот

Обновено: Опозицијата почна да дежура во Собранието, нема да дозволи носење на буџетот

Ние денеска дојдовме да работиме по амандманите но власта ја бојкотира работата на Собранието, Власта преку нејзниот извршител лицето Трајко Вељановски , ги затвори вратите од  комисијата за финансирање и буџет. Од вчера се спроведува партиско полотички пуч, се спроведува сценариото во кое  спротивно на Уставот и законите, Власта сака да го донесе буџетот на шверцерски, шпиунски и незаконски начин, денеска во недела и утре лицето Трајко Вељановски на сила да го вментне Буџетот на утрешната седница, изјави пратеникот од СДСМ , Игор Ивановски.

Според Ивановски, власта ја погазува државата ако ова го спроведат , тогаш утре може да се смени и Уставот и законот, надвор од  процедурите само затоа што на некој му така му текнало.

„Ова не смее и нема да помине. Имаме обврска пред граѓаните да го спречиме овој партиско полициски пуч и поништување на Македонија . Од денеска попладнево, вечер,утре колку треба ние од ова Собрание не излегуваме иќе бидеме пред сала 1 колку што треба, за да ги спречиме во овој партиско полициски пуч и да го повикаме извршителот Трајко Вељановски да се повлече од ова сценарио.  Повикуваме власта да се повлече од погазувањето на демократијата. Граѓаните плаќаат голема жртва од режимот на Груевски, ние ќе ја понесеме најголемата жртва и нема да се повлечеме и  нема да дозволиме законот за го донесат незаконски,“ вели Ивановски.

Тој најави дека опозицијата ќе ги искористи сите механизми за да спречи газење по државните интереси. Ќе бидеме во ова 24 часа , колку и да треба, мнозинството не може да го изгласа Буџетот чија што расправа не е завршена и ако денеска ве информираат дека Владата донела Буџет тоа е против Устав, против закон.

Слично

Поврзани вести