Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата и владеачката ВМРО-ДПМНЕ повторно со препукувања

Опозицијата и владеачката ВМРО-ДПМНЕ повторно со препукувања

Вчера лидерот на опозицијата Зоран Заев го повика премиерот Груевски на ТВ дуел на трибината која ја организираше опозицијата во Струмица.

-„Го повикуваме премиерот во секој можен момент и вечерва пак ќе го повикам. Каде сака, на Сител, на Канал 5, на МТВ, на сите заедно, да отвориме дебата, да разговараме за прашањата во Македонија, истакна Заев.

Лидерот на опозицијата нагласи дека она што го најавиле, наскоро ќе го објават. -„Првото ќе биде доволно да замине оваа власт. Второто ќе биде појако од првото, за неколку дена. После неколку дена ќе се случи и трета бомба, појака од втората, па за три четири дена ќе се случи и четврта, појака од третата, и нема да застане додека злото не замине“, изјави Заев.

Од владеачката партија пак реагираа попладнево.

„Без око да му трепне си тресе празни тези и гледаме дека е полн со гнев, омраза, лична фрустрација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најчуден убедливо беше делот со среќата. Заев вели, нема да си посакаме среќа зашто ја нема среќата. Ако немаме среќа, баш треба да си посакаме. Се прашуваме што мислеше со тоа што го кажа? Во меѓувреме, разгледавме различна литература и не можеме да најдеме некоја логична или филозофска подлога на оваа негова длабока мисла“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираат и желбата на опозицискиот лидер за Нова Година.

„Сакаме да му порачаме да не ги малтретира луѓето да седат под елките, луѓето си имаат попаметни работи, а ако тој сака, и нема друга работа, или смета дека во недостаток на програма и стратегија, уште замислувањето желби му останало како опција, нека си седи под елката и како што тргнал, знаеме дека уште многу долго време ќе си остане да си седи таму. Во меѓувреме ние имаме обврски кон граѓаните и програма за реализација“, порачува владејачката партија.

Слично

Поврзани вести