Опозицијата бара низ градските улици да се вози со 50 километри на час
Од опозициската СДСМ бараат максималната брзина низ улиците во градот од 60 да се намали на 50 километри на час, а на некои сообраќајници и на 40 километри на час.
Координаторот на опозицијата Дамјан Манчевски вели дека овој предлог е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
„И не е доволно само тоа, бидејќи во Скопје треба да се зголеми бројот на пешачките патеки, како и надземните и подземните пешачки премини, а секако, да се зголеми и безбедноста на велосипедистите. Последниот случај со загинувањето на тринаесетгодишното дете само ги потврди нашите барања, кои треба да бидат дел од мерките за зголемување на безбедноста на граѓаните“, рече Манчевски.
Тој рече дека пред еден месец поднеле барање до градоначалникот Коце Трајановски за да се зголемат сообраќајните контроли во градот.
Слично
