Опозицијата бара наместо за фасади парите да се дадат за поплавените
Советничката група на СДСМ и коалицијата денеска побараа ребаланс на буџетот на град Скопје, со кој ќе се овозможи 6.960.000 евра да се пренаменат за санирање на штетите на граѓаните од поплавите во Македонија и за превенција од идни поплави.
Освен за санирање на штетите, опозицијата предлага парите да се искористат и за:
• изградба на брана на реката Отиња, со што би се заштитило централното градско подрачје на Штип; • редовно чистење на коритото на Црна Река во Пелагонија и чистење на одводните канали; • изградба на микроакумулации за собирање на дождовната вода и водата од топењето на снеговите; • регулација на коритото на реката Вардар во полошкиот регион.Предлагаат средствата да се обезбедат од ставките за:
• Реконструкција и доградба на објекти – фасади: 6.276.000 евра • Подготвување проекти за објекти – фасади: 488.000 евра • Субвенции за ЈП Паркови и зеленило, за НАБАВКА НА КАРУСЕЛ: 196.000 евра„Предлогот на СДСМ е апсолутно издржан. Со оглед на тоа дека парите за барокните фасади се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија, средствата би се вратиле во централниот буџет и би се пренамениле за проекти кои се огромно значење за граѓаните од поплавените региони во државата“, велат од СДСМ. Потенцираат дека Скопје како град на солидарноста, најмалку што може дополнително да направи е да се откаже од уште еден карусел. На тој начин, со нови 196.000 евра од сопствениот буџет, Скопје може да им помогне на граѓаните кои се најпогодени од поплавите во другите делови на државата. Тие очекуваат поддршка од сите советнички групи и се надеват дека оваа одлука ќе се донесе едногласно.
Слично
