Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oпозицијата бара надзорна расправа за утврдување на пропустите со поплавите

Oпозицијата бара надзорна расправа за утврдување на пропустите со поплавите
Опозициските пратеници денеска побараа надзорна расправа до Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Брањето се однесува на утврдување како што велат на пропустите кои институциите и органите на власта ги направиле во делот на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението. Од СДСМ денеска упатија критики на адреса на власта и институциите, обвинувајќи дека ниту една институција после 17 дена од поплавата не ги известила граѓаните кои се причините за настанувањето на поплавата и зошто не беа спречени огромните штети по животитe и имотот на населението. „Граѓаните многу   многу добро знаат дека институциите се најодговорни за ужасот од поплавата. Знаат дека одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Транспорт и врски, Внатрешни работи, Животна средина и просторно планирање, но и во јавниот медиумски сервис“, изјави Панче Орцев, пратеник и претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство од СДСМ. Тој потенцираше дека овие институции работеле спротивно на  законите во областа на хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донесоа хаос во животите на населението. Орцев ги повика членовите на Комисијата, да го прифатат барањето за Надзорна расправа за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите и со тоа да застанат во одбрана на граѓаните и законите.
Слично

Поврзани вести