Опозицијата бара итна седница на Собранието
Петре Шилегов во име на опозициската пратеничка група побара од Собранието денеска да се одржи итна седница.
Во барањето кое го достави Шилегов на дневен ред е Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.
На прес конференцијата пратеникот од опозицијата рече и дека тие предлагаат и конкретни заклучоци со мерки што треба ваднаш да бидат преземени за им се помогне на граѓаните.
„Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди“, рече Шилегов, повикувајќи ги сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.
