Опозициски мерки за враќање на средната класа и за нови фабрики во Радовиш
Новите мерки на опозицијата ќе ја вратат средната класа и животот во Радовиш, истакна тимот на СДСМ кој денеска ја презентираше опозоциската програма и новите економски мерки пред жителите на градчето во источниот дел на Македонија.
Предводени од потпретседателот Ванчо Узунов, опозиционерите ги слушнаа поплаките на граѓаните за се поголемо иселување, пред се на младите од Радовиш, но и за ниските плати со кои велат деке тешко преживуваат.
„Потпретседателот Узунов истакна дека економските предлог мерки на СДСМ ќе дадат мотив и поттик за отворање на фабрики во Радовиш се со цел зголемување на вработеноста за доброто на граѓаните на Радовиш. На средбата со пензионерите, тој ја презентираше предлог мерката за пензиите кои треба да бидат во склад со движењата на цените и трошоци на производи коишто се значајни за пензионерите се со цел да се утврди пензионерската кошница“, стои во соопштението на СДСМ.
Минатиов месец партијата почна со презентирање на новите мерки за подобрување на економската состојба. Како што истакна претседателот Зоран Заев, СДСМ со новите мерки сака да ја врати средната класа во Македонија и со тоа да го зајакне животот на граѓаните.
Враќање пари од ДДВ директно на граѓаните, воведувањето на праведен данок , но и подобри можности за пензионирање се само дел од мерките кои влегоа во новата партиска програма.
Новите опозициски мерки беа дочекани на нож од страна на владејачката ВМРО ДПМНЕ, од каде ги нарекоа паушални и нереални.
Слично
