Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозиционерите побараа истрага – кој потроши 1,5 милиони евра за прошетки низ Италија

Опозиционерите побараа истрага – кој потроши 1,5 милиони евра за прошетки низ Италија
Една седмица по предавањето на документите, опозиционерите го повикаа јавното обвинителство да започне со истрагата за проектот Скопје 2014 по доставувањето на наодите на ревизијата од страна на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. „Помина речиси една недела откако до Јавното обвинителство беше доставен ревизорскиот Извештај за утврдување на фактичката состојба со финансирањето на проектот „Скопје 2014“ од општина Центар, во кој што е констатирано дека незаконски се потрошени 58 милиони евра народни пари“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шигелов. Од партијата истакнаа дека граѓаните очекуваат да биде утврдено и објавено кои се 57 лица што за авионски карти и сместувања во Италија потрошиле 1,5 милиони евра. „Ова значи дека, во просек, секој од нив, по единечно, потрошил 26 илјади евра, што е еднакво на 10 годишни просечни плати на македонскиот граѓанин“, посочи Шигелов.
Слично

Поврзани вести