Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата распали по буџетот- тој е предизборен, популистички и неразвоен

Опозицијата распали по буџетот- тој е предизборен, популистички и неразвоен

Опозицијата жестоко го нападна предлог буџетот во Собранието, на првиот ден од расправата за овој најзначаен ден на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Сметаат дека станува збор за предизборен, популистички и неразвоен буџет.

„Станува збор за најпопулистичкиот буџет досега. Тој воопшто не е развоен буџет, бидејќи само пет отсто од средстват ќе одат за капитални инвестиции. Не се инвестира во образование и во студентски домови“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, откако министерката Нина Ангеловска го бранеше буџетот пред народните избраници.

Големи забелешки буџетот доживеа и за зголемување на задолжувањето, велат дека тоа е веќе зголемено, а оваа Влада и натаму ќе продолжи да го зголемува јавниот долг на државата.

Критики имаше и за предвиденото зголемување на пензиите, односно на власта и се забележува дека тие се зголемени за 700 денари без никаква методологија. 

Слично

Поврзани вести