Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕСЕЧЕ: Нема враќање во Парламентот!

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕСЕЧЕ: Нема враќање во Парламентот!
Опозицијата нема да се врати во Парламентот и ќе продолжи да го бојкотира законодавниот дом, одлучиле на денешната средба лидерите на СДСМ, НСДП и ЛДП - Зоран Заев, Тито Петковски и Андреј Жерновски. Одлуката ја соопшти Заев, според кого одлуката на заедничката средба ќе ја почитуваат и пратениците кои во изминатиот период најавуваа дека размислуваат да се вратат во Собранието. „Темите за кои што сакаме да разговараме со власта и се познати. Ако сака може да почнеме преговори. Тоа се темите за медиумите, за разграничување на партијата од државата, темата за пописот, темата за избирачкиот список и изборното законодавство и за техничката влада“, рече Заев по средбата. Согласно стратегијата за понатамошно делување, што ја договориле тројцата лидери, од утре опозицијата започнува серија јавни трибини во 16 македонски градови на кои ќе остварува директни средби со граѓаните. Првата трибина треба да се одржи утре во Битола.
Слично

Поврзани вести