Опозицијата предупредува: Растот на буџетскиот дефицит мора да запре
СДСМ обвинува за непотребно продлабочување на буџетскиот дефицит, од ВМРО ДПМНЕ повторуваат дека сме ниско задолжена замја
Да запре растот на буџетскиот дефицит, а со ребалансот да се скратат непотребните разходи наместо спротивното, побараа денеска од СДСМ. Според потпретседателот на партијата, Ванчо Узунов Владата манипулира кога вели дека го зголемува долгот за да ги покажи пензиите.
Тој додава и дека мора итно де се реагира, бидејќи, како што вели, за да се остварат проекциите на Владата предвидени со ребалансобуџетските приходи, во секој месец треба да бидат за 46 милиони евра поголеми од досегашниот месечен просек.
Тој запраша како Владата ќе ги оствари предвидените буџетски приходи до крајот на годината и посочи дека според сегашните податоци, буџетскиот дефицит до крајот на годината ќе треба во секој месец да биде за 12 милиони евра помал од досегашниот месечен просек.
„Дали Владата пресметала колкаво ќе биде црвеното буџетско салдо (долгот) на крајот на годината, ако приходите се остваруваат како просекот во изминатите 8 месеци, а расходите бидат остварени согласно ребалансот?Се работи за минус што ќе изнесува речиси половина милијарда евра!Со ребалансот се планира дефицит од 310 милиони евра, што изнесува 3.9 отсто од предвидениот БДП. Ако се оствари наведеното сценарио, тогаш минусот ќе изнесува 6.3 отсто од БДП! Дали Владата знае колку негативно ќе се одрази тоа врз македонската економија во иднина и дали воопшто се грижи за тоа“, револтирано запраша Узунов.
На ваквите забележки вратија од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму велат дека СДСМ заборава дека Македонија од ММФ и Светска банка е призната како ниско задолжена земја.
„Македонија има меѓу најниските буџетски дефицити во Европа и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Тоа е факт и тоа му пречи на СДСМ, бидејќи фактите и бројките ги побиваат приказните за грчкото сценарио кои ти се обидуваат да ги пласираат во јавноста. Ако СДСМ не им верува на бројките и на фактите тогаш нека им верува на ММФ и Светската банка, кои како независни меѓународни институции, го потврдија тоа – дека Македонија е ниско задолжена земја со умерен буџетски дефицит“, стои во писменото соопштение.
Слично
