Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПОЗИЦИЈА: Започнува серија трибини низ Македонија

ОПОЗИЦИЈА: Започнува серија трибини низ Македонија
Опозицијата од денеска започнува со серија трибини низ Македонија, на кои се очекува на граѓаните да им ги претстави насоките на опозициското делување во следниот период. Првата трибина ќе се одржи во Битола. Ваквата стратегија на опозицијата вчера ја најави лидерот на СДСМ Зоран Заев, по средбата со своите партнери од коалицијата Тито Петковски и Андреј Жерновски. На трибините се очекува СДСМ со граѓаните да разговара за актуелната политичка ситуација во земјата. Вкупно ќе бидат организирани 16 вакви трибини низ цела Македонија. На вчерашната опозициска средба, Заев, Петковски и Жерновски се договорија да продолжи бојкотот на Собранието, а со владата да се разговара само доколку покаже спремност за дијалог за петте клучни точки за опозицијата.
Слично

Поврзани вести