ОПОМЕНА ОД ХОЛАНДСКИ EВРОПРАТЕНИК: Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, а потоа се врти
Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, вели холандскиот европратеник Тејс Ројтен од групата на социјалдемократите.
Тој побара од Европската комисија да ја објасни нејзината „неразбирлива политика“ кон Србија и посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, пренесе агенцијата Бета. Ројтен бара Комисијата да одговори што ќе направи за да ја охрабри Србија да го потпише европскиот предлог (за нормализирање на односите со Косово) и дали ќе ги прекине плаќањата за Србија според Економскиот и инвестицискиот план додека претседателот Вучиќ не го потпише планот.
Ројтен рече дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на 28 февруари го претставил пакетот финансиска поддршка за Србија во вредност од 2,2 милијарди евра, од кои 600 милиони евра се грантови. Ова е досега најголемиот грант од ЕУ за Србија.
Инаку, ЕУ претходно ја опоменуваше Србија да воведе санкции за Русија. Имаше најави дека пролетва треба да се нормализираат односите со Косово.
фото МИА
Слично
