Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕРАЦИЈА „БАЛКАН“: Уапсени 28 лица, запленети големи количина на хероин

ОПЕРАЦИЈА „БАЛКАН“: Уапсени 28 лица, запленети големи количина на хероин

Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога БАЛКАН, започната во 2015 година.

IMG-20160711-WA0004

Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги (хероин, кокаин и марихуана). Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во  Република Македонија, Грција и Република Турција.

Паралелни истраги беа водени во Република Албанија, Република Бугарија,  Република Македонија, Грција, Република Србија и Република Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во наведените земји се одвиваше во реално време преку канал на СЕЛЕК.

IMG-20160711-WA0005

Истрагата резултираше со апсење на 28 лица (каде спаѓаат и 5 организатори),  издавање на налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Запленети беа приближно 27 kg хероин, 2 kg кокаин и речиси 184 kg марихуана, како и повеќе од 38 000 евра, 1,5 милиона албански леки и 4 оружја. Се очекуваат понатамошни резултати од оваа заедничка истрага.

Слично

Поврзани вести