“Операција Студентски дом”! Странците не разбудија од хоророт “Гоце Делчев”
Ужасните слики од студентскиот дом “Гоце Делчев” кои ги објави англискиот „Индепендент“, и кои ја разголија вистината за субстандардните услови во кои живеат дел од македонските студенти, ја разбуди јавноста да се запраша како секој ден го поминуваат идните академски граѓани далеку од дома.
И дел од родителите се жалат дека биле згрозени од сликите кои го обиколија светот, бидејќи нивните деца неможеле доволно реално да им ја раскажат и пренесат сликата, се додека странците не им воочиле во какви услови се сместени студентите. Студентскиот дом “Гоце Делчев” е честопати актуелна тема на стартот на секоја академска година, или недај боже кога ќе се случи некоја несреќа. Алармот е вклучен, велат од студентските здруженија, останува уште ЕДНАШ, по незнаат кој пат, да почекаат уште едни избори за да дојдат на ред за размислување, дали и кога надлежните ќе ја почнат најавената градежна офанзива во домовите.
Од студентската организација “Слободен индекс” велат дека конечно дел од студентите направија позитивен чекор за да алармираат до надлежните во какви услови живеат нивните колеги. Срамно е велат, во 21 век кога технологијата и светот одат со забрзано темпо напред, ние да зборуваме за мувла, нефарбани ѕидови, уништени тоалети и чешми, студена вода за лична хигиена. Еден од најстарите студентски домови, велат студентите, е изграден пред повеќе од 40 години, а системската негрижа го направила како од хорор филмовите на Хичкок.
Во обид да променат нешто група студенти преку социјалните мрежи го покажаа незадоволството, но и срамот на студентскиот живот. Овој проблем не е од вчера, но ќе остане и утре и ден потоа. Од “ Слободен индекс “ порачуваат студентите да ја трошат енергијата на борбеност за остварување на своите права, јавно и отворено да зборуваат за проблемите, што ќе биде чекор во артикулирање на гневот, кој не само преку социјалните мрежи, туку ќе го решат и на заедничка маса со надлежните.
Самоил Малчевски, еден од некогашните студентски лидери, за Фактор вели дека и во неговиот мандат состојбата со студентските домови била рак рана која како проблем се провлекува со години наназад. И тогаш и денес, надлежните само ветувале, но условите за живеење станувале се полоши. Последниот и единствен зафат на кој се сеќава бил во 2009-тата година во студентскиот дом "Стив Наумов". Според него, главна причина за таквата состојба е негрижата на раководството на Државен студентски центар, кој во свои рамки има служба која е задолжена за тековно одржување и поправка на настанатите дефекти. Доколку на време се остранеле дефектите сигурно немало да дојде до оваа состојба. Вели постои и служба која треба да води грижа за исхраната на студентите, набавка и квалитет на истата но не само што тие служби имаат потфрлено, потфрлено имаат и надлежните во Министерството за образование и наука кои се директно надлежни за вршење на контрола при работата на раководството на студентските домови.
Според актуелниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спировски, во неколку наврати е зборувано за состојбата во која се наоѓа студентскиот дом “Гоце Делчев”. Очекува старите бараки во Медицинар да се срушат, а во новите да бидат прераспределени дел од студентите од “Гоце Делчев”. Така ќе се направи простор за работа, а студентите нема да трпат во однос на сместувањето.

“Нам за жал ни е потребно секогаш некој трет да ни каже и покаже како треба да живееме и делуваме, некој странски фактор да реагира за она што не засега. Тој балкански авторасизам не донесе онаму каде што сме денес. А никој досега не превзема одговорност за овој срам, за оваа студентска голгота. Одговорност носат и студентите кои како масовна група дозволиле некој да манипулира со нивната свест и интелигенција и толку долго да остануваат слепи и глуви пред проблемите. Ваква “промоција” за состојбата во домовите требаше да се случи многу порано”-велат од Слободен индекс.Студентските домови –проблем некогаш и сега!
Самоил Малчевски, еден од некогашните студентски лидери, за Фактор вели дека и во неговиот мандат состојбата со студентските домови била рак рана која како проблем се провлекува со години наназад. И тогаш и денес, надлежните само ветувале, но условите за живеење станувале се полоши. Последниот и единствен зафат на кој се сеќава бил во 2009-тата година во студентскиот дом "Стив Наумов". Според него, главна причина за таквата состојба е негрижата на раководството на Државен студентски центар, кој во свои рамки има служба која е задолжена за тековно одржување и поправка на настанатите дефекти. Доколку на време се остранеле дефектите сигурно немало да дојде до оваа состојба. Вели постои и служба која треба да води грижа за исхраната на студентите, набавка и квалитет на истата но не само што тие служби имаат потфрлено, потфрлено имаат и надлежните во Министерството за образование и наука кои се директно надлежни за вршење на контрола при работата на раководството на студентските домови.
“Она што итно треба да се направи е првично да се санираат штетите и да се подобри исхраната на студентите, а во текот на летниот период темелно да се реновираат истите. Паралелно треба да се направи темелна анализа на состојбите и надлежните да сносат одговорност доколку се утврди дека состојбата е настаната заради нивна негрижа. Притоа во функција треба да се стават портирниците и портирите во студентските домови да почнат да си ја вршат својата работа, како и да се поработи на свеста на студентите”-вели Малчевски.Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е изграден во 70те години. До денес, ниту еднаш не е извршена посериозна интервенција врз објектот. Ако погледнеме ретроспективно, сите досегашни министри за образование ветуваа реновирање на студентските домови, како и изградба на нови студентски домови. Минатата година по пожарот кој се случи во една од блоковите на студентскиот дом „Гоце Делчев“, беше ветено дека во текот на летниот распуст ќе се реновира студентскиот дом, и дека ќе бидат издвоени 11 милиони евра за реконструкција на домот, како и изградба на нов на местото на „Невена Ѓеоргиева - Дуња“ -МЕДИЦИНАР. Досега, реагираат од МОФ, не се забележува посериозна активност за менување на суб стандардните услови во кои живеат студентите во домовите, како од страна на државните органи, така и од страна на студентските претставници од Студентскиот парламент.
“Состојбата е повеќе од страшна, буквално во сите државни студентски домови. На неколку наврати се случило животот на студентите да биде загрозен сериозно . Само минатата година во студентскиот “Гоце Делчев “ беа регистрирани 3 пожари, а лифтот беше откачен додека студент се возел во него , иако подоцна имаше обид да се прикрие ова. Лоша еднолична исхрана во мензите, немање греење и топла вода (особено во зимските месеци), чести прекини на струја, мувлосани тоалети и бубачки по ходниците, партиско делење на легла-ова е секојдневието кое го живеат студентите во државните студентски домови во Македонија”-вели Александра Живковиќ од Младински образовен форум.Студентите од студентските домови често се исплашени да говорат за овие проблеми заради притисоците кои ги трпат од политичките партии, како и заканите дека ќе бидат избркани од студентскиот дом доколку јавно зборуваат за состојбата во која се најдени. Сепак, според МОФ, искра надеж е новата студентска иницијатива „Операција Студентски дом“, поттикната од студентите од домот „Гоце Делчев“, кои на социјалните мрежи објавија фотографии преку кои се согледува вистинскиот лик на студентскиот живот, како и текстови на нивниот блог за она што се случува во домот.
Според актуелниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спировски, во неколку наврати е зборувано за состојбата во која се наоѓа студентскиот дом “Гоце Делчев”. Очекува старите бараки во Медицинар да се срушат, а во новите да бидат прераспределени дел од студентите од “Гоце Делчев”. Така ќе се направи простор за работа, а студентите нема да трпат во однос на сместувањето.
“Ме радува што од ресорното министерство не се глуви и почнуваат да го реализираат она што го најавија. Имено, ова со “Гоце Делчев“ е актуелна тема која ние како организација ја кажуваме подолг период. Реконструкција и санација на домот мора да има и јас како студентски лидер верувам во тоа. Не треба овој настан да се користи како политички иако сметам дека истиот има политичка позадина. Ме радува што немаме препродавање на легла, проблем за кој беше потребно време да се искорени” –вели Кирил Спировски- претседател на СПУКИМ.Оваа учебна година, повеќе од сигурно е дека дел од студентите ќе ја поминат во мрачните соби и тесните и темни ходници, дотраените тоалети и соби за живеење во најпроблематичните делови во дел од студентските домови. И во оние кои важат за малку подобри, велат , состојбата е далеку од задоволителна, но барем може да се нарече пристојна, за да се добие евтин кров над глава. Ветувањата ќе мораат да почекаат подобри времиња, бидејќи престојните претседателски и предвремени парламентарни избори ќе ги ставаат во сенка проблемите на студентите. Тие имаат време бидејќи ги чекаат испитните сесии, а за студентско легло во нови сместувачки капацитети ќе мораат да почекаат после летните одмори, за кога надлежните ветија и најавија смели и големи реконструктивни зафати. На студентите им останува да бидат трпеливи и да почекаат, за да видат дали овој пат конечно ветеното ќе биде и остварено. С.Б.
Слично