Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК порача дека сегашните и идните санкции за Русија ќе создадат шокови

ОПЕК порача дека сегашните и идните санкции за Русија ќе создадат шокови

Европската Унија(ЕУ) не може да смета на ОПЕК. 

Организацијата на држави извознички на нафта(ОПЕК) ѝ порача на Европската Унија дека сегашните и идните санкции на Русија може да создадат еден од најголемите шокови досега во снабдувањето со нафта. Oд ОПЕК велат дека би било невозможно да се надомести тоа количество. 

„Потенцијално би можеле да имаме загуба од над седум милиони барели дневно на руска нафта и останати извозни течности, како резултат на сегашните и идните санкции“, кажа генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо, се наведува во неговиот говор, во кој Ројтерс имал увид.

Вчера цените на нафтата на светските берзи се намалија. Украина бараше ембарго на нафтата и рускиот гас. Откако на 24 февруари, Русија ја нападна Украина, ЕУ и САД воведоа санкции. 

Слично

Поврзани вести