Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК плус го одложи зголемувањето на производството на нафта планирано за октомври

ОПЕК плус го одложи зголемувањето на производството на нафта планирано за октомври

Членовите на Организацијата за извоз на нафта - ОПЕК плус ги одложија плановите за зголемување на производството на нафта за планирани 180.000 барели дневно во октомври, што е дел од програмата за постепено враќање на 2,2 милиони барели дневно на пазарот во наредните месеци.

Зголемувањето е одложено за два месеци, изјавија два извори од ОПЕК плус, кои побараа анонимност поради чувствителноста на преговорите, објави Си-Ен-Ен. Фјучерсите на нафтата, кои ослабеа на почетокот на неделата, денеска пораснаа, а нафтата од типот „брент“ попладнево по лондонско време чинеше 73,63 долари за барел, што е за еден отсто повисоко од претходното порамнување.

Намалувањето од 2,2 милиони барели дневно, кое беше спроведено во вториот и третиот квартал, требаше да истече на крајот на овој месец.

Тоа намалување доброволно го поддржаа членките на коалицијата ОПЕК плус: Алжир, Ирак, Казахстан, Кувајт, Оман, Русија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, пренесува „Политика.рс“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести