Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК, Оман и Русија се подготвени на средба за намалување на производството на нафта

ОПЕК, Оман и Русија се подготвени на средба за намалување на производството на нафта

Шест членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се подготвени да учествуваат на вонредна средба со земјите надвор од организацијата, посветена на договореното намалување на производството на нафта. Ова беше најавено од министерот за нафта и рударство на Венецуела Еулохио дел Пино за време на неговата посета на Техеран.

Меѓу земјите од ОПЕК кои дале согласност за вакви разговори се Ирак, Алжир, Нигерија, Еквадор, Иран и Венецуела, како и Оман и Русија, кои се надвор од организацијата, пренесе ТАСС.

"Идејата е земјите не само да се сретнат, но и да постигнат конкретни резултати", рече министерот.

Како што се очекуваше, посетата на Пино во регионот на Персискиот Залив - Катар, Саудиска Арабија и Оман цели да го постави прашањето за свикување на вонредна седница за нафтата.

Претставници на картелот објаснија дека дури и внатре во ОПЕК нема единствено мислење што да се прави, особено во сегашниот момент, кога Иран се врати на пазарот и сака брзо да се опорави поради санкциите.

Цените на нафтата тргнаа нагло нагоре за време на азиската трговска сесија, а доларот достигна седум неделно дно покрај гласините за евентуален договор за намалување на понудата.

Американската „лесна“ нафта WTI се зголеми за 1,1% до 32,63 долари за барел, а европскиот „брент“ се зголеми за 0,8% до 35,32 долари за барел.

Во исто време доларот ослабе откако претседателот на ФЕД во Њујорк Вилијам Дадли ги олади очекувањата за намалување на темпото на промени во каматните стапки. Послабиот долар ќе направи поевтино купување на суровата нафта. "Цените на суровата нафта се очекува да останат под притисок на краток рок", коментираат аналитичарите. Цените на "црното злато" се намалија со над 70% од летото 2014 година.

Слично

Поврзани вести