ОПЕК: ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ, организацијата ги брани ставовите за намалување на произвоството
Во средата, ОПЕК објави анализа во која според нив се намалуваат очекувањата за растот на светската побарувачка на нафта оваа и следната година поради забавувањето на економииите, високата инфлација и построгите мерки за борба против коронавирусот во Кина.
Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК+ донесе едногласна одлука за намалување на производството, а сега посочуваат дека единствена причина е економската, изјави министерот за одбрана на Саудиска Арабија, принцот Калид бин Салман.
Тој изјави дека е „запрепастен“ од обвинувањата дека Кралството Саудиска Арабија донело таква одлука затоа што ја поддржува Русија, наведувајќи дека овие „лажни обвинувања не доаѓаат од украинската влада“.
Генералниот секретар на ОПЕК Хајтам ал Гаис изјави дека одлуките на оваа организација се чисто технички. Инаку, голем број земји извозници ја поддржуваат одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно, а Ал Гаис ги поздрави изјавите кои доаѓаат од тие земји.
На прашањето дали одлуката ќе се смени, тој одговори „дека одлуките на ОПЕК + секогаш оставаат простор за флексибилност и дека министрите се подготвени да дојдат во Виена“.
Директорот на Kuwait Petroleum Corporation, шеикот Наваф ал-Сабах изјави дека Кувајт сака да одржи рамнотежа на пазарот на нафта во корист на потрошувачите и производителите.
- Загриженоста за економските тешкотии расте и очекуваниот побавен глобален економски раст предизвикува повеќе нарушувања во рамнотежата меѓу понудата и побарувачката - наведува Ал Сабах, пренесуваат српските медиуми.
За потсетување, во средата ОПЕК ги намали прогнозите за растот на светската побарувачка на нафта оваа и следната година поради економското забавување, високата инфлација и построгите мерки за борба против коронавирусот во Кина.
Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден го изрази своето разочарување од намалувањето на производството на нафта, најавувајќи ги последиците за Саудиска Арабија.
