Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК не може да го трпи падот на нафтата - Русија и Саудиска Арабија против Иран и Ирак

ОПЕК не може да го трпи падот на нафтата - Русија и Саудиска Арабија против Иран и Ирак

Мохамед Баркиндо, генералниот секретар на ОПЕК, во име на картелот на денешниот состанок во Женева посочи дека повеќе не може да се трпи падот на цената на нафтата и да се чека на сите членки да ги усогласат начелно договорените мерки за намалување на производството што треба да ја подобри цената на пазарот.


Минатиот месец беше договорено да се намали производството меѓу 200 и 700 илјади барели дневно што е меѓу 1 и 2 проценти од целата залиха на нафтата и секое одложување ќе има трајни последици врз долгорочното стабилизирање на пазарите, посочи Баркиндо. 

Најголемо противење на планот засега доаѓа од Ирак и Иран кои не се подготвени да го намалат производството на нафта, додека пак контра нив Русија и Саудиска Арабија заедно со групацијата на земјите од Голфскиот залив се заложија намалувањето на производството да започне што побрзо.


Слично

Поврзани вести