ОПЕК ЌЕ ПУМПА ПОВЕЌЕ НАФТА ЗА ДА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ: Казахстан испрати јасна порака
ОПЕК + можеби ќе
треба да го зголеми производството на нафта за да избегне прегревање на
пазарот, е пораката од Казахстан, една од земјите-членки на организацијата ОПЕК
+.
Земјите на ОПЕК одржаа состанок под притисок на САД за да разговараат дали ќе биде пласирана поголема количина нафта на пазарот со цел да се спречи скокот на цената на нафтата, но фактот дека повеќето извозници го исцрпиле својот потенцијал за зголемување на производството, им прави проблем, пренесува Ројтерс.
„Отсекогаш велевме дека преферираниот ценовен опсег е 60 до 80 долари за барел. Денес цената е 100 долари. Така, можеби ќе треба да го зголемиме производството за да избегнеме прегревање на пазарот“, изјави за новинарите казахстанскиот министер за енергетика Болат Акчулаков.
Пазарот во голема мера очекуваше ОПЕК + да го задржи производството стабилно или да се одлучи за мало зголемување.
Повеќе нафта ќе помогне да се „зауздаат“ цените, кои се зголемија поради закрепнувањето на побарувачката по пандемијата и санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
ФОТО: EPA