ОПЕК и Русија се залагаат за помало производство на нафта, што е со другите земји?
Помалку од половината од 14 земји кои се најголеми произведувачи на нафта се согласиле да учествуваат на состанокот на ОПЕК на 10 месецовна кој треба биде потврдена одлуката за намалување на производството на нафтата.
Досега јавно за ваквата мерка надвор од ОПЕК се изјаснија само Азербејџан, Казахстан, Оман, Мексико и Русија. Бразил, Норвешка и Соединетите држави остануваат на ставот за слободно пазарно формирање на цените на нафтата.
Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека во текот на оваа недела ќе разговара со
министрите членки на ОПЕК, за намалување на производството на нафтата.
Намалувањето би ги зголемило цените. Новак вели дека состанокот ќе биде одржан во Виена, пренесе
агенцијата Тасс.
Цените на нафтата се стабилизира вчера на меѓународните пазари околу 50 долари за барел, забавувајќи го своето искачување затоа што инвеститорите се сомневаат дека договореното намалување на производството од страна на земјите членки на ОПЕК ќе биде доволно за воспоставување на рамнотежа на пазарот во 2017 година.
