Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасноста од поплави поминува – водите се повлекуваат?

Опасноста од поплави поминува – водите се повлекуваат?
Надојдените води се повлекуваат, а дополнително стабилизирање на хидролошката состојба се очекува во следните денови, со оглед на најавите за намалување на врнежите, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Во моментов, и натаму прелева браната Кнежино и водата се влива во Злетовска Река, а поради недоволна пропусна моќ на некои од мостовите водата се излева на патните правци и земјоделските површини. Ангажирани се градежни машини да го расчистат коритото на реката и да овозможат поголема проодност на водата. Во Кумановско во изминатото деноноќие дојде до зголемување на нивото и излевање на реката Кумановска кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина. Нормализирано е нивото на водотеците и во општините Радовиш и Штип. Од ДЗС велат дека внимателно ја следат состојбата со водотеците низ Македонија, а доколку ситуацијата со поплавите се влоши, ќе биде ангажирана и дополнителна механизација.
Слично

Поврзани вести