Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНОСТ: Поплавите носат мини и на разминирани подрачја!

ОПАСНОСТ: Поплавите носат мини и на разминирани подрачја!
Нова закана за поплавените региони во Хрватска и Босна и Херцеговина - надојдените води ги откопуваат мините останати по конфликтот во овие земји и ги носат на подрачја кои се сметаат за разминирани. Опасноста може да биде голема, затоа што никој со сигурност не може да предвиди каде ќе завршат опасните мини. Во иднина тие би можеле да претставуваат голема опасност за граѓаните. Затоа се препорачува внимателност - и областите кои се сметале за сигурни и исчистени од мини, сега веќе не се. Милиони евра се потрошени во изминатите години за разминирање на делови од Хрватска и Босна и Херцеговина по војните во овие земји, а поплавите сега целата таа меѓународна операција можат да ја направат залудна.
Слично

Поврзани вести