Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасната листерија однесе уште еден живот

Опасната листерија однесе уште еден живот
На Клиниката за инфективни болести во текот на ноќта починала пациентката која беше во критична состојба со листериозен менингоенцефалит, предизвикан од опасната бактерија листтерија. Ова е четврти смртен случај од листериоза во Македонија месецов. Станува збор за пациентка на возраст од 55 години, која била хоспитализирана на 7 јуни на Одделот за интензивна нега на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии. Веднаш бил отпочнат третман со антибиотска терапија и останата супортивна терапија, при што дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба, но во текот на вчерашниот ден настапило нагло влошување на состојбата со застој на срцето. И покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт. На Клиниката за инфективни болести нема нови пациенти со листерија, а се подобрува состојбата и на новороденчето кое со сепса од оваа бактерија е хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Како превентивна заштита од опасната бактерија, од Министерство за здравство препорачуваат да не се консумира сирова или недоволно термички преработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца, а сировата и подготвената храна да се чува во фрижидер одделно, во посебни заштитени садови, со што ќе се избегне можност за загадување на веќе подготвената храна. Се препорачува и поголема хигиена, особено при подготовката на храна. Заради откриените случаи на листерија, надлежните институции спроведоа вонредни контроли на храната во продавниците, магацините и на зелените пазари, а резултатите ќе се знаат в петок.
Слично

Поврзани вести