Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасна хемикалија пронајдена во Colgate – штетна или корисна за забите

Опасна хемикалија пронајдена во Colgate – штетна или корисна за забите
Американските медиуми пренесуваат дека во пастата за заби Colgate Total е пронајдена хемикалијата триклосан која може да ја наруши работата на ендокриниот систем, како да и да го зголеми ризикот од канцер ако телото подолго време е изложено на неа. Триклосан е пестицид и неодамна е забранет да се користи во антибактериските сапуни бидејќи истражувањата покажале дека кај животните изложени на високи дози доаѓа до намалување на нивото на хормоните од штитната жлезда. За пастата која содржи триклосан докажано е дека има бројни бенефити, се бори против наслагите и болестите на непцата подобро од оние пасти кои содржат само флуорид и токму затоа Colgate успеал да ја убеди Американската федерална агенција за храна и лекови да ја одобри состојката во нивната паста за заби. Здруженијата на стоматолозите не ја забрануваат употребата на Colgate Total, но на корисниците им препорачуваат да користат и пасти за заби со кои ќе се чуствуваат побезбедни, а се подеднакво ефикасни.
Слично

Поврзани вести