Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опаднало индустриското производство во преработувачката индустрија

Опаднало индустриското производство во преработувачката индустрија

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 7.2%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3.6%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.6%. 

Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. 

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерали и производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди. 

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај енергија за 6.1%, капитални производи за 7.4% и трајни производи за широка потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 3.8% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.3%.

Слично

Поврзани вести